Како што е обичај кога станува збор за мак – кошарката, повторно Работнички и МЗТ Скопје да платат највисоки казни. Имено комесарот за натпревари, Александар Милојевиќ одлучил Работнички да биде казнет со 40.000 денари. На дуелот со МКК Куманово тимот на Работнички победи, но на таа средба немало банер – церада и рол – банер од генералниот спонзор на лигата.
МЗТ Скопје ќе плати вкупно 28.000 денари и ќе мора да игра еден меч пред празни трибини.
„На трибината каде што била сместена навивачката група на КК МЗТ Скопје А. биле запалени повеќе светлечки и димни направи (бакљи), кои изгореле за неполна минута, но оставиле дим. Димот во текот на целата 1/4 и првата половина од 2/4 бил во горниот дел на салата, кон таванот. Потоа се спуштил надолу кон теренот за игра. Во кратка консултација, Делегатот и првиот судија одлучиле да не се прекинува натпреварот, туку да заврши 2/4, а паузата на полувремето да се пролонгира колку што е потребно за да се расчисти димот. Интервалот на полувремето се продолжил за дополнителни 5-7 минути и наместо 15 мин, траел 20-22 минути, по што димот почнал да се расчистува и натпреварот продолжил. Во истиот момент кога биле запалени бакљите, Делегатот го замоли обезбедувањето и Комесарот за безбедност на домаќините да биде вклучена горната вентилација во објектот, која ќе го отстрани т.е. вшмука димот. Тоа било направено на полувремето и за кратко време потоа димот бил отстранет“се вели во делегатскиот извештај за средбата со ТФТ.
И затоа МЗТ Скопје е казнет со две казни, една 20.000 денари и една од 8.000, исто така казнет е и тренерот Атанасов со 6.400 денари, а шампионот еден меч ќе игра и без публика.