Толку беше: Томас Милер по 25 години го напушта Баерн Минхен!

530

Иако желбата беше да остане во Баерн Минхен и следната сезона, сепак легендарниот Томас Милер по завршување на сезоната ќе мора да си оди. Се чека на официјална потврда од “баварците“, ама медиумите во Германија пренесуваат дека се е готово, дека толку беше, и дека по 25 години минати во германскиот гигант ќе мора да си оди.

Едноставно Баерн нема намера да му го продолжи договорот на напаѓачот, на еден од најдобрите фудбалери на “баварците“ и репрезентацијата на Германија во изминатите две децении.

Пред неколку дена Милер имал состанок со челниците на клубот на кој му било кажано дека Баерн нема намера да му понуди нов договор.

Инаку Милер во Баерн е 25 години. Во 2000 дојде во клубот како дете со 11 години. Од 2008 години е член на првиот тим.

За Баерн Минхен одигра 742 меча, постигна 247 голови а асистираше дури 273 пати и освои 32 титули во сите натпреварувања.

Со Германија беше светски првак на СП во Бразил 2014 година.

Претходно„Мејд ин“ Алкалоид – европска историја секоја за почит (ФОТО НА ДЕНОТ)
СледноПолитано и Лукаку за триумф на Наполи над Милан