ТФТ го преживеа Кавадарци

65

ТФТ успеа да дојде до важна победа во рамките на 21 коло во Првата лига, откако на гостински терен кај Тиквеш славеше со 63-66. Со новите бодови тимот од Тафталиџе остана во игра за второто место на табелата пред почетокот на главната битка за титулата.

Првото полувреме најавуваше дека ова ќе биде лесна задача за скопскиот тим. По 21-19 во првата четвртина, ТФТ во вториот период одигра многу подобро, па на одморот замина со водство од 28-43.

Третиот период мина скромно, будејќи двата тима постигнаа мал број на голови, кавадарчани се разбудија во последниот период го добија со 11 поени разлика, но тоа не беше доволно за целосен пресврт.

Барун со 21 поен и 8 скока беше најефикасен кај гостите, на другата страна Глигоријевиќ имаше 21 поен.

ПретходноИнтер не застанува, триумф и над Удинезе (ВИДЕО)
СледноДомашен кикс на Билбао, Валенсија со клучни бодови сезонава