ФК Пелистер со реакција: Бараме нашиот клуб да биде соодветно третиран!(ФОТО)

288

ФК Пелистер денеска преку своите социјални мрежи излезе со реакција. Причина е како што велат од таборот на битолскиот прволигаш, се последните натпревари. Исто така се бара од судиите ФК Пелистер да биде соодветно третиран како клуб кој бил најгледан сезонава во ПМФЛ.

Ви го пренесуваме во целост соопштението на ФК Пелистер:

Почитувани

ФК Пелистер чувствува потреба да се обрати до јавноста по последните несреќни и неадекватни арбитражи на нашите натпревари. Со целосен респект и поддршка за судискиот систем и разбирање дека задачата на судиите без ВАР-системот не е едноставна, апелираме нашиот клуб, кој е култен, традиционален, најгледан сезонава во Првата лига, да биде соодветно третиран.

На последните два натпревари против Шкупи и Вардар сводеци сме на целосно извртен и тендециозен критериум, што е многу полош симптом од една индивидуална грешка, која секому може да му се случи. Но, кога критериумот не е изедначен и кога една грешка се надоврзува на друга, апелираме да биде преиспитан перформансот на одредени судии.

На споменатите натпревари грешките директно влијаат на резултатот, а со тоа и на изгледот на табелата. Со мирен и професионален тон нагласуваме да се изедначат критериумите, да се постават најдобрите судии за најдобрите натпревари и да се остават во мир да ги носат клучните одлуки. Во овој период на сезоната сведоци сме дека тоа и не е баш така.

Спортски поздрав

ФК Пелистер

ПретходноБраво: Шкендија Арачиново сиот приход од мечот со Пчиња ќе го донира за Кочани! (ФОТО)
СледноГвардиола: Ништо не може да ја спаси оваа сезона!