Денеска е голем ден за исламските верници. Од денеска се слави големиот празник Рамазан Бајрам. Муслиманите одат во џамија, а тоа го направи и херојот на Вардар на вчерашниот меч во Битола, Мато Роџерс и тоа заедно со својот соиграч Џибрил Дианеси.
И двајцата вардарци денеска присуствуваа на молитвата во Мустафа-пашината џамија во Скопје.
Само да се потсетиме. Вчера на дербито во Битола, при резултат 1:1, по двете прекрасни асистенции на Димитар Тодоровски, токму Мато со два фантастични голови му донесе голема победа на својот тимод 1:3 среде Битола на гостувањето кај Пелистер.
Нашата редакција им го честита Рамазан Бајрам на сите што го празнуваат.