Штета: Калин поразен во финалето во Опатија!

105

Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски не успеа да го освои ИТФ турнирот во Опатија. Македонецот денеска во финалето беше поразен од домашниот тенисер Лука Микрут со 2:0 во сетови. Да нагласиме дека Хрватот во моментов е далеку подобро пласиран на АТП листата од Калин.

Сепак честитки за Ивановски за овој пласман, ако се знае дека до неодамна беше надвор од терените поради повреда и што денеска во финалето во Опатија го даде својот максиумум во моментов.

Во првиот сет Микрут беше подобар и го доби со 6:3 во гемови, додека во вториот сет беше 6:6, па мораше да се игра тај-брејк, во кој Хрватот беше подобар со 7:4 во поени и успеа да го добие сетот а и самиот меч во финалето.

ПретходноСветски рекорд на Планица: Словенецот Превц леташе 254,5 метри! Ова е најдолгиот скок во историјата! (ВИДЕО)
СледноБраво: Шкендија Арачиново сиот приход од мечот со Пчиња ќе го донира за Кочани! (ФОТО)