Куманово во испразнета сала го совлада Чаир

228

Мечот од редовното коло во кошаркарскиот шампионат на Македонија вечерва помеѓу екипите на Куманово и Чаир го дочека својот крај пред празни трибини. Истите беа испразнети некаде на крајот од првата делница кога навивачите извикувале националистички пароли, па биле одстранети од официјалните лица.

Па така, во далеку помирна атмосфера, тимот на Куманово потоа стигна до победа од конечни 97:74. Првиот дел домашните го добија со 26:21, а до полувреме имаа веќе солидна предност затоа што втората делница ја добија со 31:22.

Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за веќе на крајот домаќинот да има мирна завршница.

Најјефикасен во домашниот табор беше Тадија Тадиќ со 30 поени, а Ѓорги Георгиевски додаде свои 15. Кај гостите Мофит со 17 беше најјефикасен.

 

 

ПретходноЛазаров: Им честитам на момците за борбеноста! Ова е голем успех и за македонскиот ракомет!
СледноДури 300.000 фанови побарале билет за меч од ЛШ, а има место само за 80.000!