Алкалоид обезбеди пласман во полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп, откако го победи Баја Маре со 32-25. Кирил Лазаров и неговите момци испишаа уште еден историски момент. Тренерот Кирил Лазаров имаше право на задоволство, особено што сите претходни победи како и оваа доаѓаат благодарение на македонски играчи.
„Среќен сум и задоволен, се уште не ја чувствувам таа среќа бидејќи веќе почнува плеј-офот. Ова е голем успех за клубот и за македонскиот ракомет, бидејќи станува збор за тим составен 99% од македонски играчи. Им честитам на момците за сериозноста, за пристапот и за борбеноста која треба да ја прикажуват. Се чувствува во дадени моменти дека ни фли искуство, рутина да бидеме подобри. Мора да тежнеме во некој сегмент да имаме подобар автоматизам, да реагираме подобро“, изјави Лазаров по мечот.
За противник во полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп го имаше норвешкиот тим на Рунар.
„Одиме на норвешкиот претставник ќе не чека атмоски ракомет, според информациите на начинот на кој ги играат мечеви. Се надевам дека ќе продолжиме со подобри изданија, иако нема да биде лесно, бидејќи го немаме најдобриот ракометар Марко Митев“, додаде Лазаров.
На прес-конференцијата по победата над Баја Маре и пласманот во полуфиналето говореше Давид Савревски.