Екипата на Алкалоид во голем стил се пласираше во полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп, откако на вториот меч против Баја Маре славеа со убедливи 32-25. Момците на Кирил Лазаров направија нов голем чекор, испишаа нова страница во клупската историја.
Пласманот во полуфиналето за актуелниот освојувач на Купот на Македонија е плод на една убава ракометна приказна, која е реткост во нашата земја. Со 99% македонски производ „мејд ин“ Алкалоид, тимот од Автокоманда остана единствен наш претставник во европски рамки. Ова е уште една потврда дека клубот е на вистински пат, а Македонија и тоа како ќе добие неговата од визија и мисија, и одлучноста да им се даде предност на домашните играчи пред странците.
Лазаров успеа да го извади сиот потенцијал од секој ракометар, без Марко Митев во составот, вечерва Алкалоид делуваше моќно против искусниот Баја Маре.
Следен противник во битката за пласман во финалето е норвешки Рунар. Првиот меч се игра во Скопје.
За постетување, Алкалоид во ЕХФ Европскиот Куп одигра осум меча, запиша седум победи и едно реми.