Александар Мишов: Овој гол, а и сите понатаму ќе биде за тебе другар мој (ВИДЕО)

2465

Тимот на Тиквеш денеска извлече злато вреден бод на гостувањето кај Силекс со што во голема мера си ги зголеми шансите за осптанок сезонава. Конечните 1:1 на калливиот терен во Кратово се одлични за тимот од Кавадарци, кои лавовски се одбрани од атаците на претендентот за титулата.

Сепак, друг момент го одблежа овој навидум обичен прволигашки дуел. Голот на Александар Мишов во 32. минута, кој напаѓачот на Тиквеш го посвети на својот починат другар Андреј Лазаров.

Некогашниот играч на Кочани, Металург, Работнички, Шкупи, интернационалец во Хрватска, херојски го загуби својот живот во трагедијата во Кочани, а неговиот другар Мишов, по мечот на социјалните мрежи напиша.

„Ти ветив дека ќе дадам гол за тебе. Овој и секој нареден ќе бидат за тебе. Само јас знам како го одиграв овој меч. Ќе имаш посебно место во моето срце се додека не се сретнеме на некое поубаво место. Почивај во мир мој Андрејко, братче мое…“ – напиша напаѓачот на Тиквеш.

ПретходноВардарски и Арсими со конечни 1:2 и по доигрувањето!
СледноТошевски и Митровски во најдобрите единаесет во Австрија и Хрватска