Аморим: Самоуверени сме, гледаме напред и сакаме да победиме

215

Екипата на Манлестер Јунајтед веќе утре ја очекува нов тест во Премиер лигата. Гостување кај веројатно изненадувањето на сезоната, тимот на Нотингем Форест кој што игра фантастично.

Ваквите предизвици за Јунајтед сезонава, во поголемиот број на случаји значеа и разочарување, па затоа тимот од Олд Трафорд е и таму каде што се наоѓа на табелата.

Сепак, менаџерот Рубен Аморим е уверен дека доаѓаат подобри времиња за тимот на резултатски план. Тоа го базира пред се на фактот дека доста играчи се враќаат од поведа, како Мегваер, Маино, Јоро,…

„Хари Мегваер е подготвен за натпреварот и ќе се врати, Лени Јоро исто така. Мејсон Маунт беше на клупата на последниот натпревар и се чувствува добро. Ќе се врати оваа сезона во старата форма“ – рече Аморим па додаде.

Се чувствувам како играчите да се посигурни, енергијата е различна, па јас сум убеден, но јас сум исто така свесен дека тоа може да се промени со резултатите. Ние сме фокусирани на одржување на енергијата на тимот и да освоиме игри, но мора да признаеме дека сè уште имаме многу да се подобриме Веќе во овој распоред пред паузата со помалку играчи на располагање“ – рече португалецот.

 

ПретходноСтразбур може да му направи проблеми на Челзи со учеството во европските купови
СледноХаланд во „аут“ можеби до крајот на сезоната (ВИДЕО)