Бернардо: ФА Купот нема да ни ја спаси сезоната!

78

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва не верува дека освојувањето на ФА Купот ќе ја спаси сезоната на англискиот првак. Вчера „граѓаните“ го победија Борнмут (2:1) во четвртфиналето на турнирот, а во полуфиналето ќе играат против Нотингем Форест.

„Нашите стандарди се многу повисоки. Секако дека би биле среќни да го освоиме ФА Купот, но тој нема да ја направи оваа сезона, добра. За жал, имавме повреди и проблеми во тимот, што не пресекоа. Но, да, тоа сè уште не е оправдување. Имавме лоши месеци, не се правдаме. Требаше некои работи да ги направиме многу подобро“, изјави Силва по натпреварот вчера.

ПретходноФФМ веднаш отвори дисциплинска постапка против Шкендија
СледноВо Гостивар е „хаос“, тренерот сменет на полувреме, скапите странци на излезна врата!?