Од кандидат за титула, до тим кој што во моментов има хаотична атмосфера во своите редови. Реди порази и очигледно дека има огромни проблеми во моментов.
ФК Гостивар во моментов е типичен пример дека колку и да се има пари на располагање сепак, фудбалот не е средина во која што може да се најде секој, и да го работи како професија.
Па така, по денешниот пораз од Воска на свој терен од 0:2, тимот на Гостивар буквално е во фаза на „вриење“. Турскиот газда, инаку на нашата поширока спортска јавност добро познат по својот темперамент, и убедување дека со пари може се, денеска направил ново „шоу“ во сопствената соблекувална.
Откако на полувреме неговиот тим губеше од Воска со 0:1, уште од „врата“ што се вели на соблекувалната му соопштил на досегашниот тренер Мерт Нобре дека е сменет. Потоа им се нафрлил на скапо платените странски засилувања во тимот со напомена дека на посебен состанок „очи во очи“ ќе мора да му објаснат како тоа вредат стотици илјади евра и тоа на месечно ниво, а не можат да се изборат за бодови во ПМФЛ шампионатот. Конечно, не останале нечепнати и домашните играчи на кои дел дури и физички им се заканил.
Дали до крајот на денов ќе има и официјална потврда за смената на бразилскиот стратег, или повторно турскиот газда ќе се предомисли и ќе го остави да „шефува“ останува да видиме.