Јакуб Меншик во финалето на Мастерсот во Мајами го победи својот идол Новак Ѓоковиќ со 7:6(4), 7:6(3). Со најголемиот успех во кариерата и првата победа на турнирот, чешкиот тинејџер го спречи Ѓоковиќ да го освои еден од најсилните турнири по рекорден седми пат, со што го освои и 100-от турнир во кариерата.
Иако резултатот не го покажува тоа, чешкиот тинејџер доминираше против српскиот великан, пред се со одличен сервис. Освен тоа, Ѓоковиќ не можеше да му парира ниту по сила, ниту со издржливост. По најголемата победа во кариерата со освојување на еден од најголемите турнири, што е и негова прва титула, Меншик изјави дека нема намера да застане тука.
По триумфот, тој зеде маркер и на камерата напиша „прв од многуте“, кој можете да го погледнете ТУКА. Со овој триумф младиот Чех од 54. место на АТП ранг листата се искачи на 24. место.