Денеска во Богданци ќе се доигра прекинатиот меч меѓу Вардарски и Арсими!

279

Попладнево во Богданци, со почеток од 15 часот ќе се доигра второто полувреме од мечот меѓу Вардарски и Арсими од 22.коло во ВМФЛ. Познато е дека во саботата овој натпревар беше прекинат при резултат 1:2 за гостите од Чегране.

Да потсетиме дека поради силниот дожд теренот во Богданци едноставно не издржа па мечот мораше да се прекине во 45.минута.

Организаторот ветува дека без разлика дали ќе има нови врнежи, теренот ќе биде во ред и денеска ќе може да се доигра второто полувреме.

Инаку во саботата се одиграа сите натпревари од ова 22.коло во Втората лига.

ПретходноПМФЛ: Работнички на мегдан со Беса, Тиквеш гостува во Кратово, Струга ТЛ го дочекува Шкупи!
СледноНовиот директор на Арсенал го носи Ѓокереш на „Емирати“