Заврши регуларниот дел кај одбојкарките, познати сите полуфиналисти

71

Со одигрувањето на последното 6. коло од Втората фаза и официјално заврши регуларниот дел од сезoната во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Одбојкарките на Јанта Волеј го завршија регуларниот дел од првенството на првата позиција, а со самото тоа обезбедуваат и најдобра стартна позиција во плеј-офот. Во последното коло, Јанта Волеј на домашен терен со убедливи 3:0 го совлада тимот на Наковски Волеј и покажа дека со големи амбиции влегува во трката за титулата.

Актуелниот бранител на трофејот, Работнички, во последното 6. коло славеше со 0:3 на гости кај Фит Фан Волеј кој е последниот патник во плеј-офот, заедно со екипата на Наковски волеј.

Во оваа плеј-аут рунда во последното коло победи забележаа Младост УГД и Струмица.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / Втора фаза 1 – 6 коло

Фит фан волеј – Работнички 0:3 (17:25, 19:25, 12:25)   

Јанта волеј – Наковски волеј       3:0 (25:18, 25:18, 25:17) 

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / Втора фаза 2 – 5 коло

Ускана – Младост УГД       0:3 (13:25, 9:25, 11:25)   

Вардар ЕМ – Струмица    0:3 (20:25, 17:25, 11:25)

ПЛЕЈ-ОФ (ПОЛУФИНАЛЕ):

Јанта Волеј – Фит Фан Волеј

Работнички – Наковски Волеј    

 

ПретходноНовиот директор на Арсенал го носи Ѓокереш на „Емирати“
СледноЛазаров: Знаеме каков состав има Вардар, ќе се обидеме да парираме!