Кливленд ја продолжи доминацијата на Истокот, голема тепачка во Минесота (ВИДЕО)

377

Во еден од најинтересните ноќешни дуели во НБА лигата, Лос Анџелес Клиперс беа поразени на гостински терен од Кливленд со 122:127. Во победата на Кливленд одлично издание имаа Џерет Ален со 25, Донован Мичел со 24, Еван Мобли со 22 и Дариус Гарланд со 19 поени. Најефикасни кај Клиперси беа Норман Пауел со 34 и Џејмс Харден со 24 поени.

Клиперси се осми во Западната конференција, а Кливленд со оваа победа се зацврсти на првата позиција во Источната конференција со 60 поени и 15 порази.

Минесота на домашен терен го совлада Детроит со 123:104, а мечот го одбележа тепачката во втората четвртина, по која беа исфрлени пет играчи од двата тима.

Кошаркарите на Хјустон на домашен терен го совладаа Феникс со 148:109, додека Њујорк на домашен терен го совлада Портланд со 110:93.

Голем „кикс“ на Милвоки кој пред своја публика беше поразен од Атланта со 124:145, додека Њу Орлеанс дома го совлада Шарлот со 98:94. Во последните два меча Сан Антонио беше поразен пред своја публика од Голден Стејт со 106:148, а Филаделфија од Торонто со 109:127.

ПретходноЃоковиќ поразен во финалето во Мајами, ќе почека за 100-тата АТП титула во кариерата
СледноБањаја победник на американското ГП во Остин