Алисон Бекер и Рајан Гравенберш повторно се на тренинг. Ова се добри вести за менаџерот на Ливерпул Арне Слот, кој што стравуваше за здравствената состојба на обајцата по репрезентативната пауза.
Бекер имаше повреда на главата која што ја заработи за време на престојот во бразилската репрезентација, додека пак Гравенберш исто така поради повреда прерано го напушти репрезентативниот табор на Холандија.
Сепак, и обајцата денеска се појавија во тренинг центарот на Ливерпул видно расположени. Тоа значи дека со нив се е во ред и се во конкуренција за големото дерби против Евертон во среда.
Back to work 💪 pic.twitter.com/ba0cHASfac
— Liverpool FC (@LFC) March 31, 2025
Welcome back, Reds! 👋🔴 pic.twitter.com/p9nY8aV4eM
— Liverpool FC (@LFC) March 31, 2025