Конте е доста мистериозен, во Наполи директни

161

Италијанскиот стручњак, Антонио Конте летово го презеде тимот и го вклучи во борбата за Скудетото. Во последно време се зборува дека тој би можел да си замине од клубот ова лето, а во неговиот случај многу ретко се случува тоа да биде поради резултатски, туку повеќе поради тоа што не се согласува со раководството.

„Конте е под договор за следните две сезони и се надевам дека ќе продолжиме со него и следната сезона. Немаме никакви проблеми“, изјави спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана.

Сепак, самиот Конте е доста мистериозен кога е ова во прашање и по триумфот против Милан изјави дека не ја знае својата иднина.

„Ќе зборуваме за тоа по последните осум натпревари“. 

Наполи моментално заостанува три бода зад првопласираниот Интер.

ПретходноПо срамните сцени под Шара: Шкендија ќе биде драстично казнета, ја чека суспензија на теренот?!
СледноПМФЛ: Работнички со триумф против Беса, Тиквеш до бод во Кратово, Воска го шокира Гостивар, без голови во Струга!