Лазаров: Знаеме каков состав има Вардар, ќе се обидеме да парираме!

499

Алкалоид нема време за одмор после дуелот со Баја Маре и пласман во полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци од денеска целосно ќе се насочат на дуелот со Вардар 1961, прв во рамките на плеј-офот.

Тренерот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија потенцира дека „тесниот“ распоред ќе биде големо искуство за неговите момци, а додека за Вардар дека не треб да трошат зборови.

„За младите момци овој ритам ќе биде едно големо искуство, секој меч ќе влегуваат во автоматизам и ќе добиваат на кондиција во овие мечеви. Ќе се спремиме колку што ни дозволува времето, знаеме каков ростер има екипата на Вардар и ќе се обидеме да парираме колку што можеме, а ќе видиме како тоа ќе изгледа на терен и колку ќе биде доволно. Вардар е наш ист конкурент како и сите останати, како Пелистер, Охрид, Тиквеш… и на терен со максимално сериозна ангажираност и вложување ќе водиме борба за важни бодови во плеј-офот“, изјави Кири Лазаров.

Мечот меѓу Вардар 1961 и Алкалоид се игра во среда со почеток во 19 часот.

ПретходноЗаврши регуларниот дел кај одбојкарките, познати сите полуфиналисти
СледноЧаир 2030 реагира на случувањата во Куманово: Срамно однесување, вандализиран е клупскиот автобус