Новиот директор на Арсенал го носи Ѓокереш на „Емирати“

157

Центарфорот на португалски Спортинг, Виктор Ѓокереш се поизведно се дека кариерата ќе ја продолжи во Англија. Како што на своите социјални мрежи пренесува авторитетниот инсајдер на The Athletic, Дејвид Орштајн, лондонски Арсенал тргнува во трката за Швеѓанецот.

Според Орштајн, лондонскиот клуб го стави Швеѓанецот како едно од приоритетните засилувања за клубот ова лето. Новоименуваниот спортски директор на „топчиите“, Андреј Берта, е фан на играта на Ѓокереш и веќе ги има првите релации со неговиот агент.

Арсенал трансферот на напаѓачот го има како еден од нивните врвни приоритети. На списокот за засилување е и напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, но трансферот на Ѓокерес, е поизводлив за лондончани.

ПретходноДенеска во Богданци ќе се доигра прекинатиот меч меѓу Вардарски и Арсими!
СледноЗаврши регуларниот дел кај одбојкарките, познати сите полуфиналисти