Пелистер “плаче” на сите страни ама Вардар не доби пенал при 1:1 (ВИДЕО)

741

Вардар славеше на дерби дуелот против Пелистер со 3-1 на гостински терен во рамките на 25. коло во Првата лига. По завршување на дуелот во Битола излегоа со соопштение во кое велат дека се оштетени, но се чини дека добија „бонус“.

Видео-снимката во продолжение добро покажува дека додека Пелистер „плаче“ на сите страни, Вардар не добил чист пенал при 1-1 некаде на стартот на второто полувреме.

Дарко Сековски шутираше кон голот на противникот, а еден играч на Пелистер во обид да блокира, со рака ја “одбрани” топката и спречи истата да отиде кон голот на домаќините. Ситуацијата е јасна како ден – ова е чест пенал за Вардар.

За постетување во текот на вчерашниот ден по бројните обвинувања на Пелистер во јавноста се огласи и ФФМ.

ПретходноГо победи двојно постариот Ѓоковиќ, па напиша кратка порака на камерата (ВИДЕО)
СледноГРК Охрид не запира, потпиша нов странец кој играше во Металург