Денеска од 15 часот ќе се одиграат пет натпревари од 25.коло во ПМФЛ. Во саботата Вардар на гостувањето кај Пелистер среде Битола успеа да победи со 1:3.
Работнички на Арената “Тодор Проески“ во Скопје ќе ја дочека Беса. Победата е императив за момците на стратегот Горан Станиќ. Само со победа над тимот од Добри Дол, Работнички може да се надева на продолжување на битката за титулата или за излез во Европа. Се освен победа ќе биде лошо за амбициите на клубот од Дебар Маало.
Тиквеш гостува во Кратово по вторпат оваа пролет. Кавадарчани се надеваат дека и денеска нема да бидат поразени на гостувањето кај Силекс.
Лани средбите меѓу Струга ТЛ и Шкупи беа дерби, се решваше за титулата, Сепак веќе не е така. Одамна овие два тима, последни шампиони во ПМФЛ, не се во игра за нешто големо. Шкупи ќе го одигра својот прв меч откако го загуби својот Андреј Лазаров во трагедијата во Кочани.
Шкендија ја дочекува Брера, се разбира дека лидерот е апсолутен фаворит и се освен победа за четата на тренерот Јетон Беќири ќе биде големо изненадување.
Гостивар, кој во меѓувреме остана без неколку свои првотимци, кои добија исписници, ја дочекува Воска. Иако охриѓани се “фенерџии“, на овој меч ништо не се знае однапред.
ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
Тетово: Шкендија – Брера
Кратово: Силекс – Тиквеш
Скопје: Гостивар – Воска
Скопје: Работнички – Беса
Струга: Струга ТЛ – Шкупи
ОДИГРАНО
Пелистер – Вардар 1:3
ТАБЕЛА
Шкендија 50, Силекс 48, Работнички 45, Гостивар 44, Струга ТЛ 38, Шкупи 31, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 21, Брера 21, Беса 21, Воска 19.