Завршија првите полувремиња од петте денешни средби од 25.коло во ПМФЛ. На средбите Струга ТЛ – Шкупи и Работнички – Беса нема голови, мрежите мируваат. Во Кратово гостите од Кавадарци поведоа со голот на Мишов за да Додев израмни на 1:1. Додека на Маџари, Воска како гостин со голот на Виноградац води кај Гостивар со 0:1.
И во Тетово каде ги видовме срамните сцени на навивачите на Шкендија, со голот на Ибраими домашните водат со 1:0 против Брера.