По оние срамни сцени под Шара пред почетокот на средбата Шкендија – Брера, кога домашните навивачи на минутата молк за Кочани пееја песни, сега тимот од Тетово ќе добие казна, и тоа каква.
Имено како што дознаваме, надлежните во ФФМ сигурно ќе покренат постапка против тимот кој е организатор на оваа средба. Секако дека Дисциплинецот нема да има милост за вакви настани, а тоа значи дека Шкендија ќе биде максимално парично казната а теренот под Шара ќе биде суспендиран на неколку меча или во најмала рака Шкендија ќе мора на повеќе мечеви да игра пред празни трибини.
Ова е срамен потег, во време кога Македонија ги живее најтешките денови, навивачите на Шкендија не покажаа грам човечност.