Работнички дојде до победа: Лазаров нема да биде заборавен, мечот запрен во 59. минута – за Кочани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

323

Работнички попладнево на Арената во Скопје и тоа како се изнамачи да дојде до победата против Беса. Победничкиот гол беше дело на Рушевиќ од пенал. Освоени се големи три бода па така и натаму се држи чекор со Шкендија и Силекс во битката за титулата.

Секако дека ова беше меч со многу емоции за сите во клубот од Дебар Маало, и тоа поради Андреј Лазаров кој го загуби животот пред две недели во трагедијата во Кочани.Токму во Работнички младиот Лазаров се промовира како фудбалер.

На дуелот беше оддадена почит кон сите 59. жртви во големата трагедија. Во 59. минута од дуелот мечот беше прекинат. 

Работнички никогаш нема да го заборави својот Андреј, ниту пак Кочани. 

Откако се одиграа сите мечеви од 25.коло, убаво ќе биде да видиме како сега изгледа табелата:

ТАБЕЛА

Шкендија 53, Силекс 49, Работнички 48, Гостивар 44, Струга 39, Шкупи 32, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 22, Воска 22, Брера 21, Беса 21…

ПретходноЛазаров за Костески: Нема да брзаме да го враќаме во полн ритам и по секоја цена!
СледноВардарски и Арсими со конечни 1:2 и по доигрувањето!