Стразбур може да му направи проблеми на Челзи со учеството во европските купови

358

Раководството на Челзи може да има неочекуван проблем пред учеството во европските купови следната година, пишуваат неколку англиски медиуми. Имено, проблемот може да се појави во евентуалните квалификации за истиот турнир со францускиот тим Стразбур, со кој „сините“ имаат ист сопственик.

Челзи моментално е четврти во Премиер лигата и е на пат да обезбеди место во Лигата на шампионите, но лондончани се под притисок од петтопласираниот Манчестер Сити и потенцијално може да се пласираат во Лигата на Европа. Воедно, Стразбур е шести, но и на само бод од четвртото место во Лига 1 и исто толку од Лигата на Европа.

Правилата на УЕФА велат дека ниту еден ентитет не може да има контрола и влијание врз повеќе од еден клуб кој учествува на нивните клупски натпреварувања. Ситуацијата, се разбира, не е без преседан, бидејќи РБ Лајпциг и РБ Салцбург поминаа низ вакви проблеми во последните сезони, како и Манчестер Сити и Џирона, Манчестер Јунајтед и Ница.

ПретходноВерона и Парма одиграа без голови
СледноАморим: Самоуверени сме, гледаме напред и сакаме да победиме