Торино и Елмас му „скинаа“ бод на Лацио во Рим

597

Во вториот и воедно последен меч од денешната програма од Серија А, тимот на Торино секако со Елиф Елмас во стартните единаесет на Олимпико во Торино успеа да одигра 1:1, и да освои бод.

Иако домаќинот поведе со прекрасниот гол на Адам Марушиќ во 52. минута, а на асистенција на Педро, сепак, тоа не беше доволно за да се освојат три бода.

Домаќинот не издржа да не прими гол, кој што беше дело на Гинеитис во 82. минута од мечот.

Домаќините беа доста нервозни по мечот, што не успеаа да победат, но тоа малку ќе им вреди. Лацио со овој бод е седми со 52 поени, додека Торино е единаесетти со 39.

 

ПретходноХаланд во „аут“ можеби до крајот на сезоната (ВИДЕО)
СледноЛас Палмас со екстра важен бод кај Селта