Македонските интернационалци Давид Тошевски односно Димитар Митровски се дел од најдобрите единаесет за изминатото коло во Австрија односно Хрватска.
Давид Тошевски ја воодушеви јавноста во Австрија откако за својот тим Аустрија Клагенфурт на гостувањето кај Харберг постгина хет трик во победата од 2:3.
Од друга страна пак, Димитар Митровски го доведе во водство својот тим Вараждин на домашен терен против Динамо Загреб во дуелот кој што заврши 1:1.
И обајцата се наградени за одличната игра изминатиот викенд, и се надеваме дека така и ќе продолжат.