ФК Шкендија по повод денешниот скандал: Навивањето беше од поединци

1910

ФК Шкендија откако свати што се случи на нејзиниот денешен меч од ПМФЛ шампионатот, против Брера и инцидентот кој го предизвикаа нејзините навивачи за време на едноминутниот молк по повод трагедијата во Кочани излезе со соопштение.

Нормално, клубот се дистанцира од оние кои што за време на молкот пееја песна и навиваа, велејќи дека се тоа поединци кои не се дел од навивачката група „Балисти“, кои инаку на денешниот меч беа на трибината од каде што беше навивањето.

Од она што може да се разбере од соопштението, кое што е на албански, Шкендија ја отфрла вината од себе, ја заштитува својата навивачка група, и вината ја префрлува на дваесетина несовесни поединци кои ете така одеднаш во екот на најголемата трагедија која и се има случено на Македонија во последните децении, решија да „погазат“ се и да се однесуваат во буквална смисла нечовечки. И тоа за време на најголемиот исламски празник Бајрам.

„Секоја чест“ Шкендија, Балисти и поединци…. нека ви служи на чест.

P.S.: Одважете се еднаш во знак на почит и напишете соопштение на Македонски

ПретходноДесет медали за македонските репрезентативци на Скопје Опен Г1
СледноВерона и Парма одиграа без голови