ГРК Охрид не запира, потпиша нов странец кој играше во Металург

836

ГРК Охрид продолжува со создавање на тимот за следната сезона. Езерскиот клуб продолжи да носи странци во својот состав, со што стана претпознатлив по плејада на ракометари од надовр.

Најново е десниот бек, Предраг Вејин со кого потпиша двегодишен договор. 32- годишниот ракометар има преку 30 официјални настапи за репрезентацијата на Србија.

Тој има искуство во Лигата на шампиони и ЕХФ Европските Купови. Доаѓа од тимот на Олимпијакос (Грција), а пред тоа го носеше дресот на Нексе Нашице (Хрватска), Висла Плоцк (Полска), Рамат Хашарон (Израел), Металург (Македонија), Адемар Леон (Шпанија), Данкерк (Франција) и Металопластика (Србија).

ПретходноПелистер “плаче” на сите страни ама Вардар не доби пенал при 1:1 (ВИДЕО)
СледноРаботнички со порака: Лазаров, секогаш еден од нас! Сите мечеви почнаа со минута молк за Кочани! (ФОТО)