Се чини дека дното во Македонија е допрено. А за тоа стигна потврда од дуелот меѓу Шкендија и Брера во рамките на ПМФЛ. Секој натпревар во нашата земја стартува со минута молк во чест на загинатите во трагедијата во Кочани. Додека траеше минутата молк навивачите на Шкендија пееја и испратија свирежи.
СРАМНО И ЖАЛНО. Овој однос треба да биде санкциониран и тоа прво од Шкеднија, а потоа од сите институции во државата за непочитување на минута молк во време кога Македонија тагува по 59. жртви кои настрадаа во пожар во дискотека во Кочани.