Во еден од најинтересните ноќешни дуели во НБА лигата, Лос Анџелес Клиперс беа поразени на гостински терен од Кливленд со 122:127. Во победата на Кливленд одлично издание имаа Џерет Ален со 25, Донован Мичел со 24, Еван Мобли со 22 и Дариус Гарланд со 19 поени. Најефикасни кај Клиперси беа Норман Пауел со 34 и Џејмс Харден со 24 поени.
Клиперси се осми во Западната конференција, а Кливленд со оваа победа се зацврсти на првата позиција во Источната конференција со 60 поени и 15 порази.
Минесота на домашен терен го совлада Детроит со 123:104, а мечот го одбележа тепачката во втората четвртина, по која беа исфрлени пет играчи од двата тима.
Live Look at Minnesota vs Detroit pic.twitter.com/ymJoo3FnV9
— BucksShowYo🦌 (@BucksShowYo) March 31, 2025
Кошаркарите на Хјустон на домашен терен го совладаа Феникс со 148:109, додека Њујорк на домашен терен го совлада Портланд со 110:93.
Голем „кикс“ на Милвоки кој пред своја публика беше поразен од Атланта со 124:145, додека Њу Орлеанс дома го совлада Шарлот со 98:94. Во последните два меча Сан Антонио беше поразен пред своја публика од Голден Стејт со 106:148, а Филаделфија од Торонто со 109:127.