Лазаров за Костески: Нема да брзаме да го враќаме во полн ритам и по секоја цена!

523

Алкалоид во продолжение на сезоната остана без најдобриот ракометар, Марко Митев, кој се повреди во дресот на Македонија во квалификацискиот меч за ЕП 2026 против Словенија на гости.

Повредите не му дозволија на тренерот Кирил Лазаров да смета на комплетниот состав сезонава. Голем удар Алкалоид доживеа на стартот на истата кога се повреди Никола Костески, кој вчера после шест месеци се врати во составот, па и се запиша во листата на стрелци против Баја Маре.

Лазаров по мечот изјави дека Костески полека се враќа, тој ќе мора да биде со ограничена минутажа, нема да се ризикува по секоја цена со него.

„Никола Костески го имаме пополека во ростерот, почна да тренира, немаше потреба да игра со Баја Маре, но искрено се надевам дека во следните мечеви, можеби уште во тоа дерби со Вардар, ќе го имаме на располагање во ростер, но, секако, со ограничена минутажа. Нема да брзаме да го враќаме во полн ритам и по секоја цена“, изјави тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.

Алкалоид по пласманот во полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп се врти кон плеј-офот, а во првото коло ќе игра против Вардар 1961, мечот е закажан за во среда во СЦ „Јане Сандански“.

ПретходноПМФЛ: Работнички со триумф против Беса, Тиквеш до бод во Кратово, Воска го шокира Гостивар, без голови во Струга!
СледноРаботнички дојде до победа: Лазаров нема да биде заборавен, мечот запрен во 59. минута – за Кочани (ФОТОГАЛЕРИЈА)