Тимот на Лас Палмас освои многу важен бод предмалку на гостувањето кај Селта играјќи 1:1 во последниот дуел од тековното коло од шпанската Примера.
Гостите сезонава се во жива трка за опстанок и секој бод е и тоа како важен. Па така, овој бод ги одлепува колку толку од опасната зона, и им дава простор за дишење што се вели.
Домаќинот на овој меч прв дојде до погодок, октако Гонзалес во судиското продолжение од првиот дел успеа да стрела во противничката мрежа.
Возврати Мориеро на самиот старт во вториот дел, во 48. минута, а потоа голот на Силва беше поништен поради офсајд инаку Лас Палмас ќе дојдеше и до водство.
Сепак како стојат гостите сезонава со формата и ова е супер што се вели, па со 28. бода сега се 17. на табелата. Селта е деветта со 39.