По 30 години, Ненад Зивчевиќ се одјави од кошаркарската сцена

231

Ненад Зивчевиќ одлучи да стави крај на својата кариера по завршување на оваа сезона во која го носи дресот на Гостивар. Тој е еден од најискусните кошаркари кои се уште се дел од домашната цена, но после 30 години донесе одлука да ги „закачи патиките“.

Во својата кариера има настапувано за бројни клубови, не само од македонската лига, туку и надвор. Започна во Будуќност, од македонските тимови играше за МЗТ Скопје, Лирија, Работнички, Струмоца, Куманово и Гостивар. Во изминатите години ги носеше дресовите на Сундсвал Драгонс (Шведска), Ал-Араби и Ал-Ахли (Катар), Шабаб Риф (Мароко), Далиа Громбалиа (Тунис), Александрија, Телеком Египет (Египет), Ал Дарфа (ОАЕ), Клик (Србија).

„По цели 30 години во овој спорт „доста е“. Пред се сакам да им кажам благодарам на моите починати родители кои ме запознаа со кошарката. Благодарам на мојата фамилија. Во многу ситуации тие ми беа огромна поддршка и ми даваа поттик. Ви благодарам на сите кои бевме со мене низ ова мое патишествие: соиграчи, тренери, фанови, доктори, терапевти…

За крај, благодарам и до Господ кој ме чуваше здрав во оваа моја долга кариера“, стои во објавата на Зивчевиќ.

ПретходноНови проблеми за Пеп: Халанд на патерици го напушти мечот со Нотингем Ф.
СледноНавивачите го прашаа Лапорта дали Барса ќе ги донесе Меси и Халанд, тој кратко им одговори (ВИДЕО)