Екипата на Алкалоид се пласираше во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако на домашен терен славеше убедлива победа против Баја Маре во реванш 1/4 финалниот меч.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот за противник го има норвешкиот состав на Рунар. Првиот меч се игра во Скопје, и тоа во салата во Автокоманда на 20 април со почеток во 19 часот.
До полуфиналето Алкалоид, кој остана единствен македонски претставник на европска сцена, стигна со седум победи и едно реми.