Рубен Аморим во интервју за медиумите даде интересна изјава за капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Португалецот има 30 години и моментално го игра својот најдобар фудбал во последните години, тој е клучна фигура на теренот и во соблекувалната на „црвените ѓаволи“.
Според тоа, во шпанските медиуми се појавија информации дека се сели во Реал Мадрид каде веруваат дека Фернандеш со своето искуство може да му помогне на младиот тим на кралевите.
Со оглед на договорот на Фернандеш, кој трае до 2027 година, повеќето мислеа дека Јунајтед може да го пушти остарениот играч за вистинската сума.
Сепак, се чини дека тоа нема да се случи бидејќи како што истакнува Аморим:
„Бруно Фернандеш останува бидејќи тој е клучот за атакот на титулата следната година. Не, не, тој не оди никаде“, започна со насмевка Аморим, а потоа продолжи: „Ни треба затоа што сакаме да ја освоиме Премиер лигата следната година, а нашите најдобри играчи се столбот на тоа и сакаме тие да останат. Ни треба тој, затоа не оди никаде“.
Зборуваше и за остатокот од ситуацијата, но и за среќата на Бруно Фернандеш, која беше тема.
„Апсолутно ја контролираме целата ситуација и чувствувам дека на Бруно му оди одлично тука и се чувствува навистина среќен. Тој разбира што сакаме да постигнеме и мислам дека најважно е што по неговото доаѓање со текот на времето стана и голем фан на Манчестер Јунајтед. Ако се чувствува фрустрирано од време на време, што не е идеално за капитен, бидејќи тој е некој што сака само да успее. Сакам уште еднаш да истакнам, тој е многу важен играч за нас и не оди никаде. И јас му кажав вака“, изјави Аморим.