Градот Велес во недела на 6 април ќе биде домаќин на второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст. Организаторите потврдија дека Велес ќе биде домаќин на над 200 кајакари од цела Европа, кои ќе се борат за нови бодови на европските ранг-листи.
Ова е еден од најзначајните меѓународни спортски настани во регионот, продолжувајќи ја традицијата на претходните Балкански првенства и Светски купови што се организираа во изминатите две години. Меѓу натпреварувачите кои го потврдија настапот во Велес се кајакари од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Грција, Турција, Бугарија и домаќинот Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во шест дисциплини во две категории – јуниори и сениори.
Првите квалификациски трки в недел аќе стартуваат во 9.30 часот, во 11.30 ќе биде второто возење, за највозбудливиот дел од денот да биде финалната трка, која започнува во 14:30 часот, кога ќе излезат најдобрите 15 финалисти во секоја категорија.