Тилен Стрмљан е најновото засилуавње во редовите на ГРК Охрид. Само еден ден по промоцијата на Предраг Вејин, раководството на македонскиот тим го промовираше Словенецот, кој игра на позицијата среден бек.
Стрмљан во Охрид ќе дојде од редовите на Хановер. Во својата кариера има настапувано за Целје, Рико Рибница, Херц Шмартно и Рудар.
И под водство на новиот тренер Борис Ројевиќ политиката на ГРК Охрид и за следната сезона останува иста, повеќе странци отколку талентирани Македонци. И оваа сезона во редовите на ГРК Охрид минаа бројни играчи од надвор, па Охрид стана ветен град за нив.