Касано: Леао е полуфудбалер, Пулишиќ за него е играчиште!

427

Некогашниот италијански репрезентативец Антонио Касано и натаму нема влакна на јазикот кога го анализира италијанското калчо. Во својот последен коментар, тој повторно го коментираше Португалецот Рафаел Леао, кого го нарече – полуфудбалер.

„Некои губитници, неспособни паразити се обидоа да кажат дека Леао треба да игра, дека тој е најталентираниот играч во Милан. Пулишиќ работи по цело крило, знае како да се пробие во центарот, да прави асистенции, да постигнува гол и да работи за тимот. Тој прави се за што Леао нема поим како треба. Леао завршува едно додавање од четири. Оваа сезона има постигнато само шест гола. Тука сме да ги едуцираме оние кои не разбираат што навистина значи да се игра фудбал, да го сакаат и почитуваат овој спорт. Малку вештина не значи дека сте силен играч. Луѓето сакаат да зборуваат за Леао кога Пулишиќ и Рејндерс постигнале двојно повеќе? Зошто не зборуваат за Орсолини, кој постигна повеќе голови од Леао? Затоа што тој заработува 1,5 милиони евра годишно, а Леао 8 милиони? Тврдам дека Орсолини, Закањи и Лукман се подобри од Леао“, изјави поранешниот играч од средниот ред на Милан.

ПретходноСампдорија бара „сламка за спас“: Пирло ќе се врати на кормилото?
СледноСака за 7 минути по враќањето на терен со гол за победа на Арсенал (ВИДЕО)