Коментар на 25.коло: Срам да ви е!

4448

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Вардар го победи Пелистер во “Дербито на Македонија“, Воска сензационално дојде до трите бода на гостувањето кај Гостивар, Тиквеш одново му “украде“ два бода на Силекс, Работнички славеше против Беса, Бесарт Ибраими дојде до бр.215 голови во ПМФЛ и сето тоа не е важно, сето тоа е во втор план.

Место сега да говориме и анализираме за настаните од 25.коло, ние ќе се занимаваме со срамниот однос на фановите на Шкендија за време на едноминутниот молк за настраданите во Кочани.

Срам да ви е!

Како прво покажавте дека сте нелуѓе, покажавте дека сте монструми, дека не сте за на трибина да си навивате за својот тим туку за оние специјални болници каде што се лекува памет или мозок, ако имате барем малку нешто од тоа.

Ова е порака за сите оние кои вчера пееја за време на молкот.

Македонија, сите нејзини граѓани покажаа голема свест во овие траорни денови за нашата земја. За тие 59.жртви во трагедијата во Кочани и за тие 200 повредени.

Само вие се најдовте, дали сте десет или десетина не е важно, да се правите “мајмуни“. Да го бербатите вашиот народ.

Потсетете се како само после два дена од страшниот пожар во Кочани, ваши сограѓани од Тетово го направија најубавиот спот во чест на Кочани. Млади Албанчиња беа централна вест на социјалните мрежи за тој спот. Земете пример од Шкендија Арачиново или од Чаир и Шкупи, кога градоначалникот на таа скопска општина заедно со соиграчите на Андреј Лазаров на плоштадот “Скендер бег“ запалија свеќи за жртвите во Кочани.

Вие не сте Албанци, вие сте НЕЛУЃЕ.

Ова нема да ви се прости НИКОГАШ!

Ова нема да ви го заборавиме никогаш, и Македонците, и Албанците и сите граѓани во оваа земја.

НИКОГАШ!

А и Шкендија си се “покажа“. За непочитувањето на химната пред неколку недели не се ни огласи, а сега знаејќи каква фатална грешка е направена, реагираше со соопштение кое оди ни ваму ни таму.

Шкендија требаше јавно и гласно да го осуди потегот на “Балистите“, требаше јавно и гласно да каже дека се срами од тој потег на своите фанови, а не да кажува дека тоа биле само дел од “Балистите“.

Ова е срамно и од Шкендија.

Уште поголем е оној СРАМ за вас, кој како клуб не ги дониравте средствата од билетите за помош на семејствата на жртвите во Кочани, како што тоа го направи една Шкендија Арачиново.

Па нели сте најбогат клуб во Македонија? Па зарем Шкендија Арачиново вас да ве учи како треба, вас кои сте нели – ЕВРОПСКА ШКЕНДИЈА!

Далеку сте вие од европска…

Срам да ви е и на вас, на сите во Шкендија.
По ова потписникот на овие редови јавно кажува дека се кае што некогаш имал симпатии за овој клуб, па дури и навивал за Шкендија како свој втор клуб во ПМФЛ.

Сега ја чекаме казната. Таа секако дека ќе биде висока, драстична.
И јас се сложувам со колегата Никола Ѓуровски ако може 59 меча Шкендија да игра без публика и ако може да биде казнета и со -9 бодови.

Ова второто е невозможно, но јас да сум “власт“, би ја исфрлил Шкендија во општинска лига без око да ми трепне, без разлика што до пред некој месец сум бил нејзин фан.

И ова е невозможно, не постои такво нешто, но кога некој нечовечки потег ќе удри во душата на секој нормален човек во оваа Македонија,без разлика дали тоа било Албанец или Македонец, време е конечно да се каже- Доста е бре!

И уште еднаш…

СРАМ ДА ВИ Е!

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРАВАТА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ – ЛАСТОВИЦА
СледноСензационално: Влаховиќ следната сезона во нападот на Барселона?!