Мато открива зошто во Битола се радувал на тој начин по своите два гола!

1744

Мато Роџерс Касим го одбележа ова коло. Со два фантастични гола среде Битола му донесе победа на својот Вардар за 1:3, и токму затоа е и играч на ова 25.коло. Репрезентативецот на Уганда едноставно ја замолкна Битола, ги замолкна домашните фанови, го одигра својот најдобар меч откако е во Вардар, па и во ПМФЛ.

Фановите во Битола, посебно „Чкембарите“ му замерија по мечот за тоа како ги прославил двата гола, но Мато си има свое образложение.

Кога ќе ја прочитате неговата изјава, дадена за порталот „Спортманија“ ќе сфатите дека бил во право што така реагирал, па секој така ќе се радува…

Многу сум среќен за давата мои гола, но уште посреќен сум што победивме. Познато ми е дека тоа е дерби меч, а јас успеав само неколку минути откако влегов во игра да постигнам не еден, туку два гола. Секако дека емоциите во тие моменти се на посебно ниво. Едноставно бев среќен“посочи офанзивецот на Вардар и продолжи…

Видовте што се случуваше уште од почетокот на дербито.Кога топката ќе дојдеше до Даниел Донгмо или до Сенгор, од трибините во Битола се слушаа извици „Уууу“. Кога топката беше кај други играчи, такви неартикулисани звуци и гласови немаше. Јас бев на клупата за резерви и се прашував зошто навивачите тоа го прават само кога топката е кај црномурестите играчи. Што е нивниот проблем. Ништо не правиме, само играме фудбал. Никого не навредуваме“се прашува Мато Роџерс.

Тие моменти биле и повеќе од емотивни за него:

Кога дадов гол, само се затрчав и се лизнав на колена. Тогаш повторно почнаа извиците од трибините. Имав набој на емоции, па кога почнаа тие да навредуваат, решив да им вратам со гестикулации. Секој фудбалер кога ќе даде гол на дерби дуел, има посебна емоција да прослави. Јас по мечот се извинив за мојот начин на прослава, но се надевам дека никогаш повеќе нема да се слушаат тие неубави звуци од трибините за да се наведуваат црномурестите фудбалери“ заврши репрезентативецот на Уганда.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)
СледноВокер до Жоао Феликс: Додај ја топката, никој овде не е Меси! (ВИДЕО)