По се она што се случи вчера во Тетово, кога домашните фанови пееја за време на едноминутниот молк за Кочани, и по реакцијата на Фудбалската федерација на Македонија, денеска Натпреварувачката комисија и официјално ја предаде Шкендија на Дисциплинска. Па така се очекува надлежните во оваа комисија да решаваат за санкциите, односно висината на казната за клубот од Тетово кој вчера беше организатор на мечот со Брера.
Со оглед на тоа дека цела Македонија е во шок по се она што се случи под Шара, јасно е дека се очекува Шкендија да ја добие највисоката можна казна. Прво парична а потоа и на колку натпревари ќе биде теренот суспендиран или пак на колку мечеви ќе се игра без публика.
Само да потсетиме, Шкендија се бори за титулата, Шкендија еден меч ќе игра како домаќин во полуфиналето од Купот, а ако се пласира во финалето може да се случи нејзините фанови да не добијат билети.
Сепак сега се е во рацете на Дисциплинската комисија од која се очекува најстрога казна.
За памет за сите, а најмногу за Шкендија и нејзините фанови.