Европската ракометна федерација се огласи за неодиграниот натпревар од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу Партизан и АЕК. Одлуката е донесена, истиот да се преигра и тоа на неутрален терен и тоа најверојатно без публика.
Засега нема информации околу одлуката за одигрување, но има шанса тоа да биде Скопје. Покрај нашиот главен град во игра се Сегед, Темишвар…
Домашните фанови за време на мечот фрлаа димни факели и топовски удари, па ракометарите на АЕК одлучија да се повлечат и да не се вратат на теренот, стравувајќи за поголеми инциденти.
ЕХФ сигурно ќе изрече и парични казни за оваа средба.