И официјално станаа познати шеширите пред извлекувањето на ждрепката за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија во ракомет во машка конкуренција.
Актуелниот освојувач на купот Алкалоид, заедно со Вардар, Охрид и шампионот Е. Пелистер ќе бидат во групата на носители. останатите 12 екипи се распоредни во уште три квалитативни шешири.
Куп на Македонија 2024/25 – ЧЕТВРТФИНАЛЕ/ШЕШИРИ:
Шешир 1: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар 1961, Охрид
Шешир 2: Тиквеш, Бутел Скопје, Пролет, Струга
Шешир 3: Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Прилеп, Куманово
Шешир 4: Радовиш, Партизан Гевгелија, Аеродром, Борец Фруитленд
Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26/27 април, а завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.