По половина век, Болоња е пред историско финале во Купот на Италија (ВИДЕО)

111

Фудбалерите на Болоња им приредија моменти за голема прослава на своите навивачи откако вечерва славеа со 0:3 на гостувањето кај Емполи во полуфиналето на Купот на Италија и дојдоа на чекор до големото финале. Момците на Винченцо Италијано тотално го разбија домашниот состав и головите на Орсолини и Олинга до 29. минута веќе имаа предност од 0:2.

Конечните 0:3 беа дело на Далинга  на самиот старт на второто полувреме. Болоња е на чекор да направи историја за својот клуб и навивачите, затоа што последен пат во финалето на италијанскиот куп играше во 1974 година. Реваншот на домашен терен на „Ренато дал’Ара“ ќе се одигра на 24 април.

ГОЛОВИ ЛИНК

ПретходноСензација: Третолигаш го елиминираше Баер (Л) и обезбеди финале во купот (ВИДЕО)
Следно„Шумарите“ на чекор до Лигата на Шампионите