Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, зборуваше за Би-Би-Си за навидум сигурната преселба на Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид. Дефанзивецот на Ливерпул на лето ќе стане слободен играч и се очекува да потпише со кралскиот клуб.
„Трент има 26 години и му истекува договорот. Тој е во позиција каде што или ќе се посвети на Ливерпул до крајот на кариерата или ќе замине во Реал Мадрид, каде што очигледно го посакуваат.
Доколку Александар-Арнолд одлучи да го напушти Ливерпул во кој било друг клуб, можеби ќе изгледаше чудно, но ние зборуваме за Реал Мадрид. Ова е најголемиот клуб во светот, со неверојатна историја и успех“, изјави Руни.
Тој се наврати на времето кога беше фудбалер и за понудите кои ги имаше во 2010 година.
„Кога му кажав на раководството на Манчестер Јунајтед во 2010 година дека не сакам да го обновам договорот и поднесов барање за трансфер, интерес покажаа три клуба. Често се коментира дека меѓу нив е и Манчестер Сити, но тоа не е точно. Реалните понуди дојдоа од Челзи, Реал Мадрид и Барселона. Во тој момент бев подготвен да одам во Шпанија и преговорите дојдоа до крај Меси, Андрес Иниеста, Чави Ернандез и Серхио Бускетс на крајот останав во Јунајтед, но во тоа време Барса беше фантастичен тим и секој играч сонуваше да игра таму“, рече Руни.