Сампдорија бара „сламка за спас“: Пирло ќе се врати на кормилото?

95

Легендарниот фудбалер на Јувентус и Милан, Андреа Пирло би можел да се врати во Сампдорија. Според „Газета дело Спорт“ италијанскиот клуб ја разгледува можноста 45-годишниот стручњак да се врати на местото главен тренер. Тој доби отказ во август по три натпревари без победа во Серија Б.

Клубот бара начин како да се спаси од испаѓање во третата лига, па во комбинација за нов тренер се и Џузепе Јакини и Аурелио Андреацоли. Можно е Сампдорија да ја продолжи соработката и со Леонардо Семпличи.

Тимот на Џенова се наоѓа на 17. место во поредокот во Серија Б со 32 бода по 31. коло.

ПретходноВелес во недела домаќин на над 200 кајакари на Европскиот куп на диви води
СледноКасано: Леао е полуфудбалер, Пулишиќ за него е играчиште!