Сензација: Третолигаш го елиминираше Баер (Л) и обезбеди финале во купот (ВИДЕО)

176

Германскиот третолигаш Арминија од Билефелд приреди првокласна сензација во полуфиналето од Купот на Германија, откако во првото полуфинале херојски стигна до победа над шампионот и освојувачот на Купот на Германија од минатата година, Баер (Л) со 2:1. Арминија и во минатите рунди во Купот покажа дека не се плаши од никого, па по елиминациите на Унион берлин, Фрајбург и Вердер, сега успеаја да го шокираат и шампионскиот тим на Чаби Алонсо.

Тах со голот во 17. минута (ВИДЕО) најави дека Баер (Л) е подготвен да спречи нова сензација од домашните, но така не размислуваа Ворл (ВИДЕО) и Гесер (ВИДЕО) кои со дголовите во 20. и 45. минута успеаја целосно да го свртат текот на мечот и до крај да ја задржат предноста и покрај бројните гостински напади.

Колку добро се бранеше третолигашот во вториот дел, зборува и фактот што „фармацевтите“ успеаја само еднаш да шутнат во рамката на голот на домашните.

Вториот финалист во Купот на Германија ќе го дознаеме утре по дуелот меѓу Штутгарт и РБ Лајпциг.

ПретходноСака за 7 минути по враќањето на терен со гол за победа на Арсенал (ВИДЕО)
СледноПо половина век, Болоња е пред историско финале во Купот на Италија (ВИДЕО)